Струшкиот прволигашки судија Кирил Негриески одигра клучна улога во бараж мечот од втората рунда за влез во Третата лига помеѓу Сатеска – Пролетер, кој заврши во корист на гостите минимално 1-0.


Негриески шоуто на „Атина Бојаџи“ го започна во втората минуга од натпреварот, кога престрого го исклучи домашниот голман Костадин Силјаноски и досуди удар од белата точка.

Гостите не го реализираа пеналот и не успеаја да го претворат поклонот од судијата во погодок, кој место да ја смири дополнително ја вжешти атмосферата на теренот.


Фудбалерите на Пролетер бројчаната предност на теренот ја искористија во 21-та минута кога го отворија резултатот.

Во продолжнието од првиот и вториот дел „црвените“ и со фудбалер помалку притискаа, но не успеаваа да го пронајдат патот до противничката мрежа.


Струшкиот судија во 75-та минута ги израмна силите на теренот исклучувајќи го гостинскиот фудбалер поради неспортско однесување.


Негриески со дискутабилните и калкулантските одлуки го навлече гневот од двете страни и не случајно теренот по завршувањето на мечот го напушти со полициска придружба.

Во финалната средба за влез во Третата лига екипата на Пролетер ќе игра против составот на Лирија.

Мх.П.