Обилните врнежи од снег, кој денес го зафатија Струшкиот регион предизвикаа отежнато движење на коловизите и тротоарите. Улиците во градот и населените места, кои ги одржуваат приватни фирми се проодни, потврди за МИА координаторот на Зимската служба при Општина Струга, Митко Коркутоски.
Екипи на зимските служби се на терен и секаде се чисти. Патиштата кон селата Октиси, Лабуништа, Подгорци…, се релативно проодни, но во моментот обилно врне снег, истакна Коркутоски.
Потешкотии во движењето имаат и пешаците, поради подлогата од преходниот замрзнат снег.
Новата снежна покривка го затскрива замрзнатиот снег по тротоарите, што оневозможува безбедно движење. Тротоарите се хаос, се плашиме од паѓање, кое може да предизвика скршеници, велат стружани.
Јавното комунално претпријатие пак информира дека нивни екипи се на терен и работат на расчистување на фрекфентните места, што се во нивна надлежност.
Екипите на ЈП „Комунално“ Струга организирано излегоа на терен, со работна сила и специјални возила. Се чистат од снег тротоарите на поглавните улици, чаршијата и кејовите – површините кои ЈП „Комунално“ Струга има обврска да ги одржува во зимски услови и се посипуваа со индустриска сол и ризла, соопшти претпријатието.
OhridNews