Струшкиот ракометен турнир подготвен за своето 38 издание
17.08.10 09:03
Шест екипи поделени во две групи ќе се надигруваат за трофејот на 38 – то издание на струшкиот ракометен турнир кој ќе се одржи од 18 до 21 август во Струга. Годинава на него ќе учествуваат минатогодишниот победник ВВ Тиквеш, ланскиот финалист Пелистер, српската Јагодина, бугарскиот Спартак од Варна, косовскиот првак Кастриоти и домаќинот Струга.
За разлика од лани, кога беше оштетена подлогата се играше во спортската сала, “Нико Нестор”, годинава повторно натпреварите ќе се играат на теренот женска плажа во Струга.
– Неприфатливо беше и за екипите и за публиката, која е навикната турнирот да се игра надвор, поставена е нова подлога, , среден е теренот, – вели Крсте Илиоски претседалеот на организациониот одбор.
Струшкиот ракометен турнир е интересен за екипите од надвор, најголемиот дел од екипите доаѓаат благодарение на стартите познанаство, а својот бум би го доживеал доколку на него настапуваат најдобрите македонски екипи Металуг и Вардар.
– Со нивно вклучување многу лесно би се обезбедиле атрактивни противници,од нивен ранг, мислам дека со нивен ангажман би можеле да го издигнеме струшкиот турнир на едно повисоко ниво – смета Илиоски.
38 – от струшки турнир кој и оваа година ќе биде од меѓународен карактер ќе го задржи квалитетот. За екипите кои се овде добро ќе им дојде турнирот во пресрет на нивните учества во евро куповите. Пелистер како и косовскиот Касртиоти ќе играт во ЕХФ купот, додека Тиквеш и Спартак од Варна се учесници во Челинџ купот,
На турниот кој започнува утре, познат е распоредот на екипите. Во едната група ќе бидат бранителот на трофејот Тиквеш, Кастриоти и домаќинот Струга, додека во втората ќе играат деветкратниот победник и минатогодишен финалист Пелистер, потоа Спартак и Јагодина.
Најдобро пласираните екипи од групите ќе играат во финалето, кое се игра во Сабота, на теренот “Женска плажа”. дел од натпреварите по групи како и мечевите за медали ќе бидат пренесувани во живо на Македоснката Телевизија.
ГРК Охрид го поздравува начинот кој го определи Ракометната Федерација на Македонија, а кој се однесува на делегирањето на судиските парови кои ја добиваат одговорноста да ја делат правдата на натп...
Во Скопје не очекува тежок натпревар против екипата на Вардар Со нив имаме одиграно неколку натпревари оваа сезона кои ги анализираме И покрај тоа што имаме неколку повредени играчи, мислам дека ќе...
Во рамки на третото коло од плеј-офот во Супер лигата ракометарите на Охрид гостуваат во Скопје кај екипата на Вардар Знаеме дека ќе биде тежок натпревар, но ние сме подготвени Имаме неколку повред...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.