Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, ги посети неколкуте места во градот каде што беше организирано славење на Бадник, каде беше топло пречекан. „Ви посакувам добро здравје, радост, убавини, среќа и успеси на сите полиња, не само во празничните денови, туку во целата 2008 година“, рече Мерко во Божиќната честитка.

„Тука сме заедно секогаш како што потврдува традицијата на овие простори, да се гледаме, да славиме заедно, оти овие празнични денови имаат и порака за зближување, прошка, и затоа  да посакаме подобро утре за сите. Така било, така е и така ќе остане и за Бајрам и за Божиќ, оти овие се слави за сите нас за почит кон Бог, а не се слави на поединци. Сите ние сме од Бога создадени за да го почитуваме, а тоа и го правиме“, рече Мерко.


Мерко за Бадник и Божиќ со своите сограѓани христијани

Рамиз Мерко, до доцна во ноќта беше со своите сограѓани од христијанска вероисповест. Стружаните топло го пречекаа градоначалникот Мерко, заблагодарејки му на честа што им ја направи, како што самите рекоа,  како никој до сега.

ohridnews