Во двете трансузиски станици во Струга собрани се вкупно 1.871 единица крв во текот на изминатата 2021 година или речиси за 100 повеќе од претходната, пренесува МИА.

Со тоа, според секретарот на општинската организација на Црвен крст-Струга, Адуриме Даути, надминат е годишниот план.

Надминат е годишниот план за дарување крв, кој во услови на пандемија го проектиравме на 1.700 крвни единици. Имаме зголемување за 94 крвни единици повеќе од претходната 2020 година, кога беа регистрирани 1.777 дарувања, изјави Даути. 

За оваа година, очекува нормализирање на состојбата со пандемијата, за кога се планирани 12 крводарителски акции.

За 2022 година планираме 12 крводарителски акции, но доколку има потреба стоиме на располагање за организирање вонредни. Според планот за годинава, предвидено е да собереме минимум 1.700 крвни единици, а секоја дополнителна бројка за нас е успех, додаде Даути. 

Таа упати благодарност до тимовите во двете трансфузиони станици во Струга, но и до сите хумани граѓани кои одговараат на повиците на Црвен крст за дарување крв секогаш кога е потребно.

 

OhridNews