Поради проблем со визата репрезентативецот Фатлум Жута беше вратен од аеродромот во Москва и не успеа да стигне до Минск да настапи на Европското првенство. По повеќе од една недела струшкиот боксер сеуште не може да се помири со фактот дека “европската авантура“ за него заврши несреќно.
Претходно истата судбина ги снајде охридските боксери Сашо Лескароски и Бојан Ристевски кои на една недела пред почеток беа информирани од боксерската федерација дека во недостиг на финансии нема да настапат на континенталниот собир.
– Не одењето на Европското првенство беше голема загуба за мене, боксот и за спортот воопшто во Македонија. Не може да се окривува никој бидејќи години наназад патувавме со истите документи како и сега. На московскиот аеродром ни побараа визи за Русија, а ние имавме само за Белорусија, по што не вратија назад и тука некаде застана мојот континуитет од настап на големи натпревари – рече Жута.
Пред боксерите се медитеранските игри во Мерсин, Турција. Боксерската експедиција во Мерисн ќе ја сочинуваат тројца боксери и тоа Жута, Лескароски и Ристевски предводени од селекторот Калаш Руждија.
– Нема простор за разочарување бидејќи пред нас се медитеранските игри во Мерсим, Турција каде ќе учествуваме со три боксери. Нашата форма е на високо ниво бидејќи ја темпиравме за Европското првенство затоа од нас тројца очекувам добри и квалитетни борби и ако не посака ждрепката можеме да се вратиме со некој медал во Македонија – заврши Жута.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com