Едриличарскиот клуб Снегар од Струга, беше организатор на „Пролетната регата“,која викеднов се одржа во водите на Охридското Езеро и  со која започна овогодинешната сезона на едрење во нашата земја.

Едриличарите се натпреваруваа во 4 класи и тоа: Оптимист, Ласер  4.7, Ласер Стандард и Фин, а се едреше олимписки триаголник според упатствата за едрење.

Победник во класата Оптимист беше Газменд Фејзулоски, во класата Ласер 4.7 најдобар беше Ердал Лушо, додека победата  во Ласер Стандард ја однесе Марјан Грданоски,  во Фин класата на победата се радуваше Иван Андреески.

Претседателот на организациониот одбор Лазо Ѓоргоноски го прогласи пласманот а Претседателот на Регатниот одбор Димитар Јаулески им  додели награди – дипломи и плакети за  прво, втото и трето пласираните едриличари.

Ohridnews