Кошаркарскиот клуб Струмица со нов тренер и без четворица стандардни играчи од есенската полусезона успеа да ги освои бодовите во Охрид совладувајќи го домаќинот со 64-60.
Почетокот на натпреварот не наговестуваше шокантен развој во „Билјанини Извори“, бидејќи домаќините после голема доминација првата четвртина ја добија со 20-9.
Во трите преостанати четвртини „галебите“ не беа ниту бледа сенка од првата. Струмичани со трпелива игра особено во нападот ја „плетеа“ победата која сепак е подарок од домашниот состав.
Охриѓани мораат брзо да се консолидираат по овој пораз, затоа што во следната рунда ги очекува тешко гостувањето кај Работнички во Скопје.
Прва лига: Струмица го шокираше АВ Охрид (видео)
OhridNews