Охридскиот АМАК СП во 1/4 финалето на Македонскиот кошаркарски национален куп ќе се сртене со екипата на Струмица, беше одлучено на денешата ждрепка во Кавадарци.
Натпреварот со Струмица ќе биде реприза на минатагодишниот четвртфинален натпревар во кој Струмица се извелече победувајќи го тогаш второлигашот АМАК СП со 83:79.
Дека тимот на Струмица е незгоден противник за охриѓани говори и фактот што во првиот дел од шампионатот Струмичани на два пати беа поуспешни.
Во Струмица мечот заврши 77-72, додека во Охрид Стумица триумфираше со 90-81.
Домаќинот на завршниот кошаркарски турнир во машка и во женска конкуренција, Фени Индустри, го доби засилениот МЗТ Фон за противник во првата рунда на патот до куп-титулата.
Ф. Работнички во оваа рунда за противник го доби градскиот ривал Вардар Осигурување. Во последниот дуел, екипата на С. Пелистер за противник ја има екипата на Дрога Колинска од Неготино.
Во женска конкуренција беа одредени полудиналните двојки. Изградба Комерц ќе игра со Билјана 006, додека В. Лисици се среќаваат со Вигор Скопје.
Завршниот куп-турнир ќе се одржи од 12 до 15 март во салата „Јасмин“ во Кавадарци.
Што се однесува до кошаркарите на АМАК СП тие со пораз ги завршија зимските подготовки.Во последниот натпревар поразени беа од шампионот Струмица со 100:85. На овој меч Игор Гацов го провери српскиот интернационалец Филип Сунтурлиќ, кој првата “контрола” ја заврши со 11 поени и 5 успешни додавања.
Здружението на прволигаши во домашното кошаркарско натпреварување на денешниот состанок одржан во Кавадарци донесе одлука за нов систем на натпреварување за следната 2008/09 сезона.
Според промените следната сезона најсилното домашно кошаркарско натпреварување наместо сегашните 8 екипи ќе брои 10.Според тоа на крајот на тековната сезона во Првата лига за мажи нема да испадне ниту една екипа, туку најдобрите две екипи од Втората лига ќе и се придружат на елитата.