Актуелниот шампион Струмица го совлада Фени Индустри во Кавадарци во шестиот натпревар од финалната серија на македонскиот кошаркарски шампионат со 83-78.

По шестиот натпревар серијата е израмнета на 3:3, па победникот ќе го даде мајсторката која ќе се игра во Струмичкиот Парк.

Победата на струмичани останува во сенка на инцидентите кои ја одбележуваат оваа финална серија. “Лозарите“ им се реваншираа на “ ајдуците“ па бројот на  инцидентите е изрманет 1-1. Во Струмица прекинот траеше 19 минути, додека во Кавадарци 15.

Штета што место по убавите потези и неверојатните пресврти, оваа финална серија ке биде запаметена по серијата инциденти.

ohridnews