Добро ги испотија домашните навивачи во преполнетата сала „Парк“ и се изборија за победа од 75:69, со која ги анулираа оние минус 4 од првата средба во Загреб против екипата на Цедевита.
Богоев со 23 и Тасовски со 19 поени беа најзаслужни за победата на Струмица 2005 на оваа средба. Следен ривал на нашиот преставник ќе биде екипата на Локомотив од Ростов, Русија.
Првиот дуел ќе се одигра на 20 ноември во Струмица.