Струмичкиот огранок на Академијата Пандев се засили со фудбалери од охридскиот тим пред меѓународниот предизвик во Бугарија против ЦСКА Софија.

Тројца членови од генерација 2002 и тоа Ерен Парталко и браќањата Славе и Симон Маркоски ќе бидат дел од тимот на Академија Пандев, кој ќе сретне против бугарскиот гигант.

– Ова е големо признание за нас и за нашата досегашната работа. Ова ќе биде мотив повеќе за понатаму и другите екипи ширум Македонија да се засилуваат со членови од нашата екипа. Им посакувам на дечињата многу среќа и успех во Бугарија – изјави Наум Јанкуловски, тренер на 2002 година.

Мх.П.