Регулаторната комисија денеска одлучи да не го прифати барањето на ЕСМ Дистрибуција за зголемување на цената на електричната енергија.
Според првиот човек на Комисијата Славе Ивановски, доставените документи од ЕСМ дистрибуција не оставаат простор за нова цена на струјата.
Државните ЕЛЕМ и МЕПСО досега немаат побарано од Регулаторната комисија утврдување нова цена.