Помошникот на универзитетската ватерполо селекција на Србија и тренер на Београд, Драган Стругар ќе биде новиот селектор на ватерполо репрезентацијата на Македонија. Како што пренесува Дневник, соработката помеѓу Пливачката федерација на Македонија (ПФМ) и 42-годишниот тренер е договорена, останува уште зелено светло да даде неговиот клуб. Сите детали околу договорот со Стругар треба да бидат прецизирани во понеделник.
Стругар на селекторската позиција ќе го замени Игор Гочанин кој замина од функцијата по неуспехот на Европското првенство во Холандија, каде Македонија го освои, претпоследното, 11-то место. Првите мечеви на кои Стругар ќе дебитира како селектор ќе бидат соочувањата со Хрватска и Германија, на 6. и 17. март, во рамките на Светската лига. Македонија од 1. до 8. април ќе учествува на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Лондон.
На турнирот во Едмонтон, Канада, противници на Македонија во А групата ќе бидат Црна Гора, Германија, Грција, Романија и Холандија.
Извор “Мак факс“
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com