Струга е во шок по веста за трагичната смрт на тројца видни граѓани. Полицијата се уште не го соопштува идентитетот на починатите, како и причините за нивната смрт, но според стружани се работи за Јосиф Д., Кире Ѓ, и Јонче К. Двајца се вработени во Медицинскиот центар во Струга, a еден во Управата за јавни приходи.
Трагедија во центарот на Струга
– Тие беа најдобри другари секој ден играа карти тука. Немаше подобри другари од нив и беа многу добри луѓе. Изненаден сум од ова што се случи ова е трагедија, раскажува во шок Милорад Петроски.
-Како што разбравме се работи за струен удар, потресени сме многу. Беа исклучителни луѓе, вели друг стружанец.
Стружани во шок
Според првичните неофицијални информации причина за смртта на тројцата пријатели би можело да биде струен удар, но не се исклучуваат и други причини поради што доцна попладнево езерската полиција зёапочна со пребарување на крајезерскиот простор кај струшкото пливалиште, а летната тераса на објектот е обезбедена од страна на истажните органи.
По наредба на истражен судија телата на починатите се предадени на обдукција.