Во заостанат натпревар од Првата македонска фудбалска лига, Струга Трим Лум попладнево на домашен терен го совлада Вардар со убедливи 4:0.
Шампионот не му дозволи на „црвено-црните“ да се понадеваат на изненадување и покрај нерешените 0:0 по првите 45 минути.
Стрелци на головите беа Бесарт Ибраими, Ментор Мазрекај, Хадис Таири и Сенад Јаровиќ сите во второто полувреме.
Со новите три бода, Струга ТЛ има 24 и е само на бод помалку од водечките Шкупи и Шкендија.
Вардар е последен, 12-ти со 11 бода.
OhridNews