Амбициозниот второлигаш, Струга Трим Лум со нов тренер ќе ја започне пролетната полусезона, откако Неџат Хусеин-Џате спогодбено го раскина договорот со клубот.
– Не сум повеќе дел од клубот. Спогодбено го раскинавме договорот и на сите во клубот им посакувам многу среќа понатаму. – изјави искусниот стратег од Битола.
Џате кормилото во Струга Трим Лум го презеде минатата сезона кога клубот се натпреваруваше во Третата лига. Тој успеа во намерите да го внесе струшкиот состав во Втората лига триумфирајќи во третотолигашкото друштво.
Екипата од Струга добро котира во дебитанската сезона во Втората лига, а малку фалеше да приреди сензација во Купот на Македонија. Тимот на Ренова со гол во последната минута се спаси од пораз и елиминација во најмасовното клупско натпреварување.
OhridNews