Екипата на Струга Трим Лум означи почеток на подготовките за дебатинското учество во Првата македонска фудбалска лига. „Црвено белите“ во првата сезона помеѓу фудбалската лига посакуваат опстанок, а се што ќе биде плус ќе биде добре дојдено за дебитантот.

  • Главната цел ни е опстанок и клубот да си најде место помеѓу останатите екипи во Првата лига. На почетокот оваа е целта а сигурно ќе се обидеме да ја искористиме секоја шанса што ќе ни се укаже во текот на сезоната. – изјави стратегот на стружани, Јетон Беќири.

Првата фаза од подготовките струшките фудбалери ќе ја одработат на теренот „Тефериќ“ во струшкото село Радолишта, а главните каде што ќе се бара формата во Банско, Бугарија. Во текот на подготовките во нашата земја новајлијата во Првата лига ќе одигра три контролни мечеви. Силите ќе ги одмери со Вардар Форино, Силекс и Гостивар.

На првиот тренинг се појавија новите три имиња Христијан Кировски, голманот Урош Ѓуриќ и Ерман Рамадани, а во текот на подготвките екипата може да се засили со уште по еден квалитетен фудбалер во последната линија од тимот и средниот ред.

  • Ростерот ќе го комплетираме со уште двајца фудбалери кои ги бараме на трансфер пазарот. Нема да брзаме и да доведуваме колку да имаме, туку да бидам квалитетни фудбалери кои ќе ни помогнат во остварување на нашите планови. – истакна Беќири.

„Црвено белите“ натпреварите од Првата лига ќе ги играат на Градскиот стадион во Струга. Моментално се санира тревникот и се средува трибинскиот простор и просториите за официјална лица и екипите.

Михаил Постоловски