Екипата на Струга Трим Лум ја забележа втората победа во подготвителниот период совладувајќи косовскиот состав Кек со 7-0 (2-0) на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

„Црвено белите“ исто како и на мечот со Вардар Форино во воведните десеттина минути го скршија отпорот на противникот и ја најавија победата.

Офанзивецот Флоријан Османи најдобро се снајде во казнетиот простор и ја погоди мрежата на Кек. На 2-0 зголеми голгетерот Христијан Кировски. На стартот од второто полувреме Дејан Цветаноски погоди за 3-0, за 4-0 прецизен беше охриѓанецот Абдулахја Шкор, Нијас Ленас реализираше за 5-0, Ерман Рамадани стрелаше за 6-0, а Шкор со вториот погодок на мечот ги постави конечните 7-0.

Следниот контролен меч Струга Трим Лум ќе го одигра против Силекс, а потоа ќе отпатува во Банско каде што ќе ги финализира подготовките за дебитанското учество.

OhridNews