Екипата на Струга Трим Лум водејќи се до дефиницијата „тимот кој победува не се менува“ го продолжи договорот со стратегот Јетон Беќири кој го внесе тимот во Првата македонска фудбалска лига.
Беќири палката во струшкиот состав ја презеде пред крајот на есенската полусезона и успеа да ја оствари целта триумфирајќи во Втората лига – запад. Стружани не го криеја задоволството од работата на Беќири и најавија дека заедно се подготвени да се борат за што подобар пласман во фудбалската елита.
„Црвено белите“ ќе го задржат костурот во екипата и ќе се засилат со нови фудбалери кои дополнително ќе го подигнат квалитетот во составот. Струга Трим Лум мечевите од Првата лига ќе ги игра во Струга и ќе донесе прволигашки возбудувања после пауза од 15-тина години.
OhridNews