Лидерот на табелата во Втората МФЛ-запад, Струга Трим Лум и второпласираната Лабуништа финишираа со контролните натпревари во подготвителниот период за продолжението од сезоната.

Избраниците на Јетон Беќири во последниот меч забележаа победа над Гостивар (2-0) на стадионот „Расадник“ во струшкото село Радолишта, додека Лабуништа ремизираше без голови со Кораб во Дебар.

Струга Трим Лум во текот на контролните мечеви забележа четири победи, додека пулените на Пепи Џигероски останаа без пораз.

Добрите и успешните подготовки се одлична најава за втората полусезона во Втората лига која ќе започне со дерби помеѓу Струга Трим Лум и Лабуништа.

OhridNews