Екипата на Струга Трим Лум мечот со Зајаз во 18-та рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад ќе го одигра во Охрид.
Причина за „преселувањето“ на стружани во Охрид е лошата состојба и поплавениот терен на градскиот стадион во Струга.
Избраниците на Александар Танчески на „Атина Бојаџи“ стадионот ќе се враќаат на победите, откако во 17-та рунда претрпеа пораз (1-0) од лидерот на табелата Велазерими.
Натпреварот помеѓу Струга Трим Лум – Зајаз се игра во сабота со почеток во 15 часот. Во останатите мечеви ќе се сретнат Локомотива – Македонија ЃП, Тетекс – Велазерими, Новаци – Лабуништа, Гостивар – Еуромилк.
OhridNews