Екипата на Струга Трим Лум не беше задоволна од делењето на правдата на струмичанецот на Марјан Гоцевски, на дуелот со Работнички, кој заврши 1-1. Стружани како доказ за слабото судење на Гоцевски приложија видео во кое ги издвојуваат спорните моменти.

Нашиот клуб реагираше до надлежните органи за слабото судење на Гоцевски, кој директно не оштети и ни ја одзеде можноста да се радуваме на победата. Ние, и покрај се, продолжуваме да се бориме со главите горе, се со цел да ги исполниме нашите цели, – стои во објавата на Струга ТЛ.

Седлоски нов тренер на Шкупи

Поранешниот македонски репрезентативец и тренер на Вардар, Гоце Седлоски, се врати во македонскиот фудбал, преземајќи ги кормилото на Шкупи. Седлоски и Шкупи пуштија рака за соработка од една година.

Пред се би сакал да им се заблагодарам на челниците на клубот кои ми ја укажаа довербата. Разговаравме и во текот на зимава, тогаш не најдовме заеднички јазик, но сега успеавме да се договориме за да дојдам во Шкупи. Знам дека многу се инвестира во овој клуб, донесени се бројни засилувања, но искрено кажано – јас познавам само двајца-тројца од овие играчи од времето додека го водев Вардар. Овие шест меча до крајот на сезонава се добра можност за докажување, сите ќе почнат од нула, ќе добијат шанса да докажат колку вредат. Целта е на највисоко ниво да го одработиме крајот од сезонава, а потоа да почнеме со проектот што јас и управата го имаме замислено, – изјави Седлоски.

Тимот на Шкупи моментно се наоѓа на второто место, со два бода предност пред третопласираната Македонија ЃП и 13 бода заостанување зад лидерот Шкендија.

OhridNews