Македонскиот фудбалски првак Струга Трим Лум денес ќе го игра реваншот против литвански Жалгирис во рамките од квалификациите за Лигата на шампионите на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид со почеток во 17 часот.

Како што објави клубот билетите за вечерашниот меч се распродадени и трибините на стадионот ќе бидат целосно исполнети.

На гостувањето во Вилнус, Струга Трим Лум одигра со резултат 0-0 во дуелот со Жалгирис во рамки на првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампиони. Во својот дебитантски настап во елитното европско клупско натпреварување фудбалерите на Струга беа рамноправен противник и сосема заслужено се вратија непоразени од Литванија.

Победникот од пресметката меѓу Струга и Жалгирис за противник во второто коло во Лигата на шампиони ќе го има турскиот гигант Галатасарај, додека поразениот ќе го продолжи настапот во европските купови во второто квалификациско коло во Конференциската лига.

OhridNews

Фото: Струга ТЛ