Фудбалерите на Струга Трим Лум забележаа нова победа во контролните мечеви, триумфирајќи на дуелот со Тетекс 3-1 (1-1), кој двете екипи попладнево го одиграа во Охрид.

Стружани резултатот го отворија на стартот од натпреварот, кога Марјан Алтипармаковски ја погоди мрежата на тетовчани. „Штофарите“ до крајот на првиот дел изедначија и ја вратија неизвесноста во натпреварот.

„Црвено белите“ во вториот дел ја валоризираа подобрата игра со два погодоци за конечен триумф 3-1. Два пати прецизен беше капитенот Фљамур Таири.

Тест средбите во Охрид продолжуваат в среда со дуелите Охрид – Ренова и Пелистер – Работнички, кој најверојатно ќе се одигра во Струга.

OhridNews