Екипата на Струга означи почеток на подготовките за новата сезона во Супер лига. Стружани на стартот од подготовките се пофалија со пет нови имиња од кои двајца се повратни во екипата.

Црногорскиот интернационалец Богдан Николиќ и Александар Тренчевски се старо-нови ракометари на Струга, додека новајлии се Дино Мехиќ, Харис Сулевиќ и Вук Лакичевиќ.

Со доведувањето на петте ракометари, стружани го оформија костурот на екипата. Дополнително клубот ќе доведе уште неколку ракометари кои ќе збогатат ростерот и подигнат квалитетот.

Струга ќе биде дел од Ракометниот турнир кој го организира од 12 до 16 август. На турнирот годинава ќе учествуваат исклучивo македонски екипи.

OhridNews