Последната пресметка за оваа сезона помеѓу Струга и Охрид им припадна на домашните ракометари кои славеа со 22-20 (12-12) во „Езерското“ дерби што се одигра во рамките од плејаутот во Супер лигата.
Со триумфот пред своите гледачи Струга ги расчисти сметките со Охрид и во сезоната која завршува двете екипи забележаа по две победи на домашен терен.
Четвртиот меч помеѓу ривалите го одбележаа три моменти. Двете навивачки групи „Рибари“ и „Паткари“ се обединија за помош и поддршка на Мартин Стојаноски, кој треба да се лекува во Москва, Русија. Борбата на ракометарите на теренот не изостана, но беше во втор план откако во 37 минута симпатизерите на Охрид фрлија петарда на терен. Голманот на Струга, Александар Стојаноски падна како покосен, а после речиси 40 минутен прекин делегатот и судиите одлучија да ја испразнат трибината каде што се наоѓаа „Рибарите“.
Во 37 минута при резултат 14-13 за домаќините мечот продолжи. Стружани ја задржаа концетрацијата и покрај големиот одмор, што не беше случај со охриѓани. Домаќините подобро се снајдоа во продолжението и славеа со 22-20.
Составот на Струга го преводеше тандемот Лексо Тситишвили-Богдан Николиќ кој искомбинира 12 голови, додека најефикасен ракометар во Охрид беше Бобан Блажески со 8 погодоци.
Охрид натпреварувачката сезона ќе ја заврши со Вардар Јуниор на домашен терен.
OhridNews