Поради штрајкот на вработените во јавното комунално претпријатие, сметот од Струга денеска не беше подигнат. Работниците најавуваат дека ќе го продолжат штрајкот се додека не им се исплатат заостанатите 8 плати.
„Комунално“ денеска им исплати една заостаната плата на вработените со најава дека интензивно се бара решение за подмирување на останатите примања на работниците, кои според директорот на јавното претпријатие Ваљон Џила биле наследени. “Своевремено „Комунално“ продаде деловен простор вреден 700 000 евра за да ги исплати заостанатите плати кон вработените, но тоа не се случи, а парите се потрошиле. Сега бараме решение за проблемот“, рече Џила.
Во меѓувреме општината ангажира механизација и луѓе од поранешните јавни претпријатија од поранешните општини во струшко со цел да се ублажат последиците од штрајкот на комуналците пред почетокот на летната туристичка сезона.