– Во интерес за градот и ракометот, Струга ќе биде дел од ракометниот спектакл. Имавме средба со организацискиот одбор и констатиравме дека најдобро за сите ќе биде ние да настапиме на турнирот. Ние сме суперлигашка екипа и се надевам дека ќе се покажаме во вистинско светло – рече за Ohrid News, Наумче Угреновиќ претседател на клубот од Струга.
Покрај Струга во Групата Б се наоѓаат уште Брест Мешков, Версај и актуелниот шампион Металург додека групата А ја предводи македонскиот ракометен првак Вардар заедно со Иври и романска Констанца.