По двегодишна пауза, поради кризата со Ковид, градот Струга повторно се претставува, овојпат на Меѓународниот саем за туризам и спорт во Република Косово, односно во Приштина, информираат од Општина Струга.
На учесниците на саемот и на косовските туристички работници и пошироко им се презентираше за вредностите и туристичките потенцијали на Струга. Горди сме што постојано ја подобруваме туристичката понуда, ги следиме светските трендови и создавајќи нови форми на алтернативен туризам ја промовираме нашата прекрасна Струга, додаваат од општината.
Во подготовка се и заеднички проекти со соседните земји, кои им овозможуваат на вработените во туризмот да понудат нови пакети и предизвикуваат интерес кај гостите од цела Европа, како и пошироко потенцираат во соопштението.
OhridNews