Со рецитирање на антологиската песна Т’га за југ од Константин Миладинов, синоќа пред Домот на поезијата започнаа 47-те Струшки вечери на поезијата. Околу 70 странски и 50-на домашни поети ќе земат учество на годинашниве Струшки вечери, на кои посебно место ќе има и поезијата од младите поети.
За 47 години близу 4000 поети, есеисти и критичари од македонска земја ги испратиле пораките на своите култури, а наградата на СВП стана најпосакуваната книжевна награда на планетата, истакна во своето обраќање министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, која го отвори фестивалот.
Елизабета Канческа Милеска
Учесниците од име на градот домаќин ги поздрави градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Топј истакна дека Струга ги чува имињата на најзначајните поети од сите меридијани кои на градот му подарија уште еден јазик-најубавиот јазик на поезијата.
Рамиз Мерко
Отворени 47-те Струшки вечери на поезијата