Во просториите на Општина Струга се одржа состанок околу организација за празникот Богојавление-Водици. Општина Струга, Градоначалникот Рамис Мерко како секоја година, така и оваа целосно го поддржува овој настан и на фаќачот на крстот ќе му врачи подарок.

Од страна на МВР Струга ќе се обезбеди јавниот ред и мир, движењето од храмот Св.Ѓорѓија, низ струшката чаршија до мостот каде ќе се одвива настанот како и фреквентните улици низ градот во текот на целиот ден. Црвен Крст Струга обезбедува четворица спасители со опрема, а Брза помош болничко возило со стручен персонал, исто така се вклучува и екипа од ТППЕ-Струга која ќе биде логистика на спасувачките тимови од Црвениот Крст. Екипите на ЕВН ќе го проверат теренот, а светлата кои се во реката ќе бидат целосно исклучени заради поголема безбедност, информираат од Општина Струга.

Утрената литургија ќе започне во 7:30 минути по што поворката ќе се упати кон Чаршискиот мост. Околу 10 часот и 40 минути ќе тргне поворката со верници од кругот на црквата „Свети Ѓорѓи“, ќе се движи низ струшката чаршија, до Чаршискиот мост.

Во 11 часот ќе започне осветувањето на водите, по што светиот крст ќе биде спуштен во водите на реката Црн Дрим.

OhridNews