Годинешен лауреат е Љубомир Левчев, познат поет од Бугарија, кој во речиси полувековната историја на фестивалот е овенчан со Златен венец. Седумдесет и петгодишниот Левчев е автор на 50 поетски книги на бугарски јазик, објавени од 1957 до 2007 година во Бугарија и на 70 книги во 34 земји во светот.
Организаторите на СВП најавија учество на шеесетина поети од сите континенти и педесетина домашни автори.
Фестивалот ќе се осовремени со нови содржини – мешање на жанровите поезија, музика и сликарство и настап на музичари од Израел, Шпанија, Италија и Србија, кои ќе изведуваат поезија.
И годинава во рамки на фестивалот ќе се застапени стандардните содржини – поетските читања „Мостови“ и „Меридијани“, портрет на лауреатот Левчев во црквата Св. Софија во Охрид, средбата на млади поети на Ноќта без интерпункција, Вечер на национална поезија, која годинава е посветена на азербејџанската, излет на учесниците во комплексот Св. Наум и посета на други градови по затворањето на Струшките вечери на поезијата на 22 август.
Наградата „Браќа Миладиновци“,која СВП ја доделува за најдобра поетска книга од македонски автор меѓу две фестивалски изданија, годинава му припадна на Владимир Мартиновски за стихозбирката „Квартети: за читање, гледање, пеење и слушање“.