Покрај одлуката за штедење електрична енергија за скромно украсување, градот на мостовите со сиот свој сјај блесна во новогодишно руво.
Светилки и реквизити од претходните години го красат централното градско подрачје на Струга. Украсени се чаршијата, новото шеталиште и плоштадот, а неизостанува ниту новогодишната елка, традиционално поставена на мостот на реката Дрим.
Буџетските средства во висина од 500.000 денари, предвидени за новогодишно украсување, со одлука на Советот на Општината ќе бидат пренаменети за други цели.
Организиран дочек и годинава нема да има, но за најмладите ќе се реализира предновогодишна прошетка со Дедо Мраз низ струшките улици и чаршијата.
OhridNews
фото. општина Струга