Македонскиот фудбалски првак Струга Трим Лум одигра на гостувањето во Вилнус 0-0 во дуелот со литвански Жалгирис во рамки на првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампиони.

Во својот дебитантски настап во елитното европско клупско натпреварување фудбалерите на Струга беа рамноправен противник и сосема заслужено се враќаат непоразени од Литванија.

Реваншот се игра во вторник, 18 јули, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид со почеток во 17 часот.

Победникот од пресметката меѓу Струга и Жалгирис за противник во второто коло во Лигата на шампиони ќе го има турскиот гигант Галатасарај, додека поразениот ќе го продолжи настапот во европските купови во второто квалификациско коло во Конференциската лига.

Противник ќе биде црногорскиот првак Будуќност кој беше елиминиран во рамки на претквалификацискиот турнир во Лигата на шампиони.

OhridNews

Фото: Струга ТЛ