На 22 јули 2004 година, пред зградата на политичките партии каде се одвиваше состанок на општинската организација на СДСМ на кој присуствуваше тогашниот висок партиски функционер и министер за одбрана Владо Бучковски се одржа голем протест на кој граѓаните на Струга го изразија револтот против новиот Закон за територјална организација со која четирите општини Лабуништа, Велешта, Луково и Струга се спојуваат во една.
Жестокиот протест заврши со интервенција на специјалната полиција при што беа повредени триесетина граѓани, 24 полицајци и еден претставник на мисијата „Проксима“, оштетени и уништени беа седум моторни возила, а зградата на политичките партии беше опожарена и демолирана.
Хепенингот под мото „Струга не заборава“ го организира Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Почетокот е закажан за 21 часот.