Градот Струга по шести пат на едно место ги собира најдобрите мечувачи од Грција, Романија, Полска, Германија, Франција, Италија, Америка, Србија, Словенија и Македонија организирајќи го купот „Охрид Лејк“.

–  Tурнирот ужива голема популарност за што говори шестгодишната традиција и учеството на едни од најдобрите светски стрелци. Во минатите пет години имаме многу позитивни впечатоци од нашите гости кои речиси секоја година се враќаат на турнирот. – рече Александар Атанасов од скопскиот клуб „Вардар“.

Тендицијата на организаторите на „Охрид Лејк“ купот е да стане турнирот дел од Светскиот куп иако за тоа се потребни квалитетни мечувачи и големи финансии.

– Нашата желба е токму тоа, но за да го оствариме тоа се потребни многу финансии во текот на целата година не само за Купот. Ни требаат квалитетни мечувачи кои преку година ќе се натпреваруваат низ светот и ќе собираат бодови ,по што ние ќе можиме да конкурираме за организација на куп од Светски рамки. – потенцираше Атанасов.

Со 35 години Атанасов се подготвува за Светското првенство за ветерани откако на континенталниот собир го освои третото место.

Ohridnews