Општина Струга ќе креира акциски планови за Локалните стратегии за соработка со граѓанскиот сектор, младите, развојот на образованието и социјалната заштита на своите граѓани. За таа цел утре и задутре во хотелот „Дрим“ во Струга ќе се организира Јавна расправа за креирање на овие акциски планови.

Инаку Локалните стратегии кои струшката локална самоуправа ги усвои во текот на оваа година, се подготвени со учество на граѓаните и сите заинтересирани страни.

Избработката на акциските планови на Локалните стратегии на општина Струга е дел од проектот „Општина по мерка на граѓаните“ кој се спроведува со помош на „Фондацијата Отворено општество Македонија“. Во рамки на овој проект е отворен и Центарот за заедниците на општина Струга.

OhridNews