Во текот на наредниот период, на повеќе локации во Струга ќе биде поставено ново улично осветлување. За таа цел општина Струга, преку Електронскиот систем за јавни набавки вчера објави Јaвен оглас за Изградба на нови мрежи за улично осветлување. Проценетата вредност на оваа јавна набавка е околу 27.000 евра или точно 1.694.915, 25 денари.

Понудите за овој Jавен оглас треба да се достават најдоцна со 4-ти март 2015 година до 10 часот, кога ќе се одржи и јавното отворање на понудите. Критериум за доделување на договорот за изведување на мрежите за осветлување е најниската понудена цена.

OhridNews