Општина Струга во текот на наредниот период ќе започне со градежните активности за изградба на кружен тек на крстосницата Ќафасан-Дебар. За таа цел, деновиве преку Електронскиот систем за јавни набавки, објави јавен оглас за изградба на овој кружен тек, чија што проценета вредност изнесува околу 193 илјади евра или точно 11.864.406,78 денари.
Освен изградба на кружниот тек, во рамки на оваа проценета врeдност треба да се преземат и градежни активности за уредување на улицата кај зградата на ПТТ и ЕЛЕМ во Урбана единица 4 во Струга. Понудите за овој оглас ќе може да се достават најдоцна до 16-ти март 2015 до 10 часот, кога ќе се одржи и јавното отварање на истите.
OhridNews