Улиците во Струга до крајот на оваа година ќе добијат нови имиња. Во тек е координација меѓу политичките партии застапени во Советот на општината, а во наредните неколку месеци во процесот  активно ке бидат вклучени експерти , но и граѓаните кои исто така ќе го дадат своето мислење по однос на ова прашање.

Политичките партии во  Струга конечно по едно прашање се сложни. Велат живееме во ново врмеме и неопходи се одредени промени кои ќе бидат во духот на добрите  меѓуетнички односи во Струга. Претседателот на Советот на општината, Сејфула  Хани, вели дека Струга ќе го  следи примерот на Тетово каде  двете најголеми заедници, македонската и албанската, постигнаа компромис околу оваа проблематика.


време е да се менуваат имињата на улиците во Струга-Сејфула Хани (лево)

Советникот од редовите на Националната демократска унија на Албанците, Беким Кица, вели дека  неопходно е воведување на двојазични табли во Струга но и нови имиња на сите улици кои би биле во духот на добрите меѓуетнички односи.

Станислав Буклиески советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ ја подржува оваа иницијатива бидејќи како што вели  некои работи се надживеани.

Уште не е јасно дали улиците ќе бидат нумерирани или тие ќе добијат имиња по желба на заедниците кои живеат во Струга.

Мики Трајковски