Струга ќе биде дел од вториот циклус од проектот „Почувствувај ја Македонија со шестото сетило – Срцето“ кој ќе се одржи во 12 македонски општини.
Овој проект го реализира Младинската организација „Почувствувај ја Македонија“ во соработка со еминентни културни дејци од Република Македонија и Балканот.
На настанот ќе земат учество врвни писатели, научни работници, актери, музички и ликовни уметници, класична и етно музика и секако хуманитарна нота претставувана од Невладината организација за Ревматизам и Артритис -„НОРА“ членка на европската асоцијација за борба против атритис „ЕУЛАР“.
-Нашата идеа е овој настан да не се одржи во топли библиотеки и домови на културата, туку да го испочитуваме обичниот, простодушен, но мудар народ кој што живее по селата. Чувството кога 80 годишни, изработени, чесни и честити селани седат заедно со нивните внуци и слушаат како некој со големо внимание, за нив, рецитира поезија, пее оперска ариа и глуми, а при тоа им подарува книга и цвеќе на мирот, не може да се опише, велат организаторите.
Освен во Струга овој проект ќе се реализира и во Дојран, Битола, Крива Паланка, Берово, Маврово, Македонски Брод, Свети Николе, Кочани, Чашка, Велес, Демир Капија и Куманово.
OhridNews