По фазата за одобрување на проектот “Струга и Поградец за промоција на туризмот и природните ресурси – CoolTour“, финансиран од Европската Унија во рамки на проектот ИПА II за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, почнува фазата на спроведување на истиот.
Во рамки на активностите за  успешно спроведување на проектот, денес градоначалникот Рамис Мерко оствари средба со  партнери од ИПА-ЦБЦ проектот, и претставници на Општина Поградец, Република Албанија.

Овој проект е поделен на неколку компоненти, вклучувајќи инфраструктура, туристичка промоција, како и гастрономија и угостителство, информираат од Општина Струга.

Главната цел на проектот е промовирање на Струга и Поградец како градови покрај Охридското Езеро.

 

OhridNews