Во Струга и годинава нема да има организиран дочек за Нова година на градскиот плоштад. Градот блеска во новогодишно руво, како што впрочем и доликува на туристички центар.
Се забележува и зголемена раздвиженост по кафулињата и рестораните каде се организираат претпразнични забави, а хотелиерите најавија целосна исполнетост на туристичките капацитете.
Од Општина Струга информираат дека за најмладите е предвидена предновогодишна забава на 30 декември пред општинската зграда.
Дружете се со Дедо Мраз, уживајте во забавни игри, музика и празнична атмосфера. Не ја пропуштајте оваа магична можност да го донесете вашето дете на настан полн со радост и забава!, порачуваат од Општината.
Инаку, за првите три новороденчиња во Новата година Општината предвиде по 15.000 денари, а од општинскиот буџет предвидени се и средства за пакетчлиња за децата од социјално загрозени семејства и деца со попреченост.
OhridNews