Екипата на Струга е есенски првак во првата машка ракометна лига. Стружани во последното коло од есенската полусезона со фантастична игра во текот на целиот натпревар го “преслушаа“ второпласираниот тим на Радовиш 34-22 (16-12).

Фуриозните десет минути на стружани кога направија предност од пет погодоци (6-1), беа доволен показател која екипа ќе доминира на супер дербито во првата машка ракометна лига.

Гостите по дваесет минути игра се созедоа и стигнаа до (-3) 13-10. Но, многуте технички грешки во нападот и дискутабилните судиски одлуки кои одеа на сметка од Радовиш им овозможи водство на домаќините +4 (16-12) на полувремето.

Брзина погоре составот на Струга уфрли во вториот дел. Нападот со серија погодоци ги капитализираше одличните одбрани на голманите на Струга.

Како што одминуваше времето така разликата растеше на семафорот во корист на домаќините. За да на крајот од мечот достигне цели 12 голови (34-22).

Струшките ракометари на спектакуларен начин со цепелин им се оддолжија на навивачите кои цела сезона ги бодреа до есенски првак.

Најефикасен во победничкиот состав беше Костевски со 11 погодоци, осум голови постигна Белески додека во гостинскиот табор со 8 погодоци најпрецизен беше Конзулов.

Мх.П.