Новиот шампион ќе биде познат по одигрувањето девет кола (швајцарски систем), со временско темпо од 90 минути за 40 потези плус 30 минути до крајот на партијата со дополнување од 30 секунди за секој одигран потег.
Вкупниот награден фонд поделен во 10 награди изнесува 160.000 денари, од кои победникот, како и лани, ќе заработи 36.000 денари. Предвидени се и пет специјални награди во вкупен износ од 22.000 денари.
Од канцеларијата на ШФМ засега нема конкретни имиња за тоа кои странски шахисти пројавиле интерес да играат. Победникот или најдобро пласираниот македонски шахист ќе се смета за годинашен шампион на Македонија.
Лани, во конкуренција на 37 шахисти, од кои 31 од Македонија и по тројца од Србија и од Албанија, триумфира скопскиот ИМ Филип Панчевски (7,5 поени), пред стружанецот ФМ Ристе Менкиноски (7) и ИМ од Скопје, Орце Данчевски (6,5).