Европската шаховска унија и’ ја додели на Шаховската федерација на Македонија организацијата на првиот летен камп за најталентираните деца од Европа, кој треба да премине во традиционален. Од 1 до 9 јули годинава одморалиштето на „Црвен крст“ во Струга ќе биде домаќин на 50 шахисти на возраст до 16 години и со рејтинг над 2300, а од Македонија ќе има место за најмалку тројца.


Предавачи ќе бидат словенечките велемајстори Александар Белјавски (рејтинг 2640, 91. на листата на ФИДЕ) и Адријан Михалчишин (2529), како и македонските интермајстори Орце Данчевски (2411) и Марјан Митков (2382).  Манифестацијата финансиски ќе ја помогне Агенцијата за млади и спорт, а покрај предавања во план е и турнир на децата-учесници.

Македонија годинава ќе биде домаќин и на Европскиот клупски куп во октомври.

ohridnews