Женскиот кошаркарки клуб Струга 2009 викендов ќе биде домаќин на најдобрите кошаркарки до 18 години. На завршниот турнир покрај домаќин Струга ќе учествуваат Баскет Тим, Бадел 1862 и Шкупи.

Полуфиналните натпревари на турнирот се закажани на 1 јуни, додека финалето и мечот за третото ќе се одиграат в недела на 2 јуни.

Натпреварите се играат во спортската сала „Нико Нестор“ во Струга.

OhridNews