Во пресрет на новогодишните празници Струга украсена како во бајките, онака како што доликува на еден туристички град.

Светилки и новогодишни реквизити блеснаа низ централното градско подрачје, чаршијата, новото шеталиште и кејот на реката Црн Дрим. На чаршискиот мост, традицинално е поставена новогодишната елка.

За украсување на градот, како што соопшти Општина Струга, предвидени биле 1.200.000 денари, а украсувањето го спроведува Јавното комунално претпијатие. Општината не открива дали е предвидена предновогодишна забавана програма, ниту дали ќе има организиран дочек на најлудата ноќ.

Во градот веќе се чувствува еуфоријата, се организираат претпразнични забави. Хотелиерите најавија целосна исполнетост на туристичките капацитети, а забележително е присуството на туристи во градот, како и на печалбарите, кои празниците ги минуваат во родното огниште.

OhridNews