Поради поврзување постоечка цевка од водоводната линија со нова денес и утре Струга ќе остане без вода.
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Струга соопшти дека прекинот ќе биде од 22 часот денес до 19 часот во четврток.
Претпријатието посочува дека континуирано работи на подобрување на водснабдителниот систем, со што ќе се надмине проблемот со снабдувањето со вода во градот и околните населени места.
OhridNews